сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Годин го одби Јунајтед, Мурињо во паника да пронајде стопер

Годин го одби Јунајтед, Мурињо во паника да пронајде стопер

Уругвајскиот дефанзивец Диего Годин одби да го напушти Атлетико Мадрид и да потпише за Манчестер Сити, објави шпанска „Марка“.

Менаџер на Јунајтед, Жозе Мурињо е во панична потрага по засилување за стоперската позиција, инсистираше на Годин, но 32-годишниот играч решил да остане во Мадрид и се согласи на нов договор.

Мурињо сакаше да ја активирате откупната клаузула и да плати 20 милиони евра за Годин, но фудбалерот одби плата од дури девет милиони евра.

Годин е член на Атлетико веќе осум години, три претходно беше дел од Виљареал и целосно е задоволен од животот во Шпанија.

Јунајтед во летниот преодниот рок не успеа да ги ангажира ниту Тоби Алдервејрелд од Тотенхем, Хари Мегвајер од Лестер, Џери Мина од Барселона, а на листата желби се наоѓа и Жером Боатенг од Баерн Минхен.

Коронавирус