четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Фудбал

Го уапсија во скандалот со проституција на српска старлета, а денес дели правда како судија на Европското првенство (ФОТО)

Го уапсија во скандалот со проституција на српска старлета, а денес дели правда како судија на Европското првенство (ФОТО)

Словенечкиот фудбалски судија Славко Винчиќ (41) ја делеше правдата на натпреварот меѓу Шпанија и Шведска на Европското првенство, натпревар што заврши без голови.

Тој го одрботи маестрално натпреварот, но подоцна за него на површина испливаа малку неубави детали.

Наводно, тој минатата година бил уапсен во полициска акција, во аферата со проститутката Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон.

Несреќниот судија се најде во центарот на аферата во која беа уапсени 35 луѓе на забава преполна со дрога, оружје и пари. Винчиќ тогаш се правдаше дека бил на деловен состанок.

-Случајно се најдов на тој ранч. Имам своја фирма и бев во Босна и Херцеговина на деловен состанок. Ја прифатив поканата за ручек и тоа се покажа како мојата најголема грешка. Навистина жалам, рече словенечкиот судија и додаде:

-Седев на маса со друштво и одеднаш дојде полицијата и се случи што се случи. Немав никаква врска со луѓето кои беа уапсени и приведени.

Словенецот по информативниот разговор е пуштен на слобода, а Тијана по признаие е осудена на година дена затвор заради организирана проституција.

Коронавирус