Фудбал

Го напушти Челси, се враќа како ѕвезда од 51 милион фунти!

Го напушти Челси, се враќа како ѕвезда од 51 милион фунти!

Челси и официјално го комплетираше еден од најголемите трансфери ова лето, обезбедувајќи го потписот на англискиот репрезентативец до 21 година, Џејми Бајно-Гитенс.

20-годишниот крилен напаѓач пристигнува од Борусија Дортмунд за огромна сума од 51.5 милиони фунти и потпиша долгорочен, седумгодишен договор.

Овој трансфер е повеќе од само засилување за “сините”. За Бајно-Гитенс, тоа е враќање дома – во клубот каде што како дете ги направил првите фудбалски чекори во 2012 година, пред да замине во академијата на Рединг.

To top