вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 170
home Фудбал

Го нападнаа Алиоски на социјалните мрежи, Арсенал го брани

Го нападнаа Алиоски на социјалните мрежи, Арсенал го брани

Лути навивачи на Арсенал постојано го навредуваат, напаѓаат и му се закануваат на Езѓан Алиоски по синоќешниот натпревар против Лидс на Иланд Роуд.

Не го поштедија ни Никола Пепе за глупоста што ја направи, па двајцата се на удар речиси цел ден. По тој повод со соопштение се јави Арсенал кој застана во одбраната на двајцата фудбалери.

„Ги истражуваме нападите и навредите кон Никола Пепе и Езѓан Алиоски на социјалните мрежи. Тоа е целосно неприфатливо и соработуваме со полицијата и останатите надлежи институции за санкционирање на напаѓачите“, напишаа од Арсенал, а со слично соопштение се јави и Лидс Јунајтед.

Инцидентот меѓу Пепе и Алиоски се случи во 50. минута од синоќешниот меч, а подебелиот крај го извлече фудбалерот на Арсенал кој доби црвен картон.

Коронавирус