среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 82
home Фудбал

Го надмина и Нејмар, аматерско симулирање на Дејверсон во финалето на Копа Либертадорес (Видео)

Го надмина и Нејмар, аматерско симулирање на Дејверсон во финалето на Копа Либертадорес (Видео)

Во последните моменти од финалето на Копа Либертадорес, фудбалерот на Палмеирас, Дејверсон, се обидуваше на неспортски начин да одглуми фаул и да задржува време, бидејќи неговиот тим водеше со 2-1, и на крај ја одбрани титулата.

Стрелецот на победничкиот гол беше во конфликт со играч на Фламенго, а кога судијата Нестор Питана го допре Дејверсон по грбот за да ги одвои, тој падна како покосен и бараше од Питана да му додели црвен картон на противникот, не знаејќи дека „фаулот“ беше од судијата.

Питана му објасни дека тој го допрел по грбот, па Дејверсон веднаш стана и продолжи да игра.

Коронавирус