сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Фудбал

Го критикуваат дека не е во форма, а Меси е број 1 годинава во Топ 5 лигите!

Го критикуваат дека не е во форма, а Меси е број 1 годинава во Топ 5 лигите!

Барселона синоќа со 3:0 го победи Eлче и стигна до 50 бодови од 24 меча во Примера дивисион, а тоа е доволно за третото место зад Реал Мадрид (52 бода) и лидерот Атлетико Мадрид, кој има 55 бода, но и меч помалку. Предводник во новиот триумф на каталонскиот гигант беше Лионел Меси. Аргентинецот постигна два гола и не дозволи нов кикс во првенството.

Шесткратниот освојувач на Златната топка со синоќешните два погодоци се искачи како прв стрелец во Топ 5 првенствата во Европа, во 2021 година. Во овие неполни два месеци Меси има дадено 13 погодоци, што е еден повеќе од Роберт Левандовски, додека Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд оваа година има 10 погодоци.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман го пофали Меси, но беше критичен кон останатите фудбалери на неговиот тим.

„Меси секогаш прави разлика, но е време и останатите фудбалери да се разбудат. Не може да се чека само од Лео. Мора и останатите фудбалери да преземат дел од одговорноста во играта“, рече Куман по триумфот над Елче.

Коронавирус