сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Го бакна грбот на Јувентус, па ја реши „старата дама“ на теренот (Видео)

Го бакна грбот на Јувентус, па ја реши „старата дама“ на теренот (Видео)

Артуро Видал беше топ тема на социјалните мрежи и пред и по одигрувањето на големото италијанско дерби на „Џузепе Меаца“, бидејќи искусниот Чилеанец самиот се погрижи да биде во центарот на вниманието со тоа што го направи во краток временски интервал.

Популарниот Кинг Артуро ги „излуде“ фановите на Интер и буквални ги подели тифозите на „нераѕурите“, бидејќи најпрво доби безброј негативни коментари за тоа што го направи на загревањето, а потоа и пофалби поради фактот што го постигна првиот гол со кој ја најави победата на тимот на Конте во големото дерби (2:0).

Видал како поранешен член на актуелниот шампион се најде во прегратка со Кјелини на загревањето, а во фокусот се најде тоа што го бакна грбот на Јувентус додека имаше близок контакт со својот поранешен соиграч.

Ова предизвика огромен бес меѓу фановите на Интер пред дербито и Чилеанецот наиде на крајно негативен публицитет, но Артуро не би бил Артуро ако сам не се извади од незгодна ситуација.

Играчот за врска беше стрелец на погодокот за 1:0 откако доби еден воздушен дуел, па брзо успеа да го „исчисти“ своето име и ги натера фановите брзо да заборават на тоа што се случи на загревањето.

Коронавирус