сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Фудбал

„Гласините за мојата иднина? Апсолутни лаги“!

„Гласините за мојата иднина? Апсолутни лаги“!

Оле Гунар Солскјер ги опиша шпекулациите за неговата иднина како „апсолутни лаги“, откако се појавија информации дека тој им кажал на своите фудбалери дека ќе биде отпуштен доколку загубат против Тотенхем и Манчестер Сити оваа недела.

-Јас сум во ред. Јас немам проблеми. Понекогаш се смеам додека читам што сум кажал и сите тие нешта. Сепак, сигурен сум дека изворите за кои зборуваат, воопшто не се никакви извори и тоа се апсолутни лаги, изјави Норвежанецот пред дуелот со „петлите“

Менторот тврди дека не е загрижен за серијата отпуштања во последните 2 недели и гласините дека само се чека вистинскиот момент за да биде отстранет и заменет со Маурисио Почетино.

-Тоа не ме позагрижен. Еднставно сум фокусиран на мојата работа и се обидувам да ја вршам на најдобар можен начин. Размислувам за следниот натпревар, како и за иднината што ја планирам со раководството. Во овој период од годината, не е задоволство да ги гледам колегите како губат работа, но тоа веќе не ме загрижува, вели тој.

Според него, фудбалерите се секогаш амбициозни да постигнат најдобри резултати, без разлика кој е менаџер на противникот.

-Нивната цел е секогаш да се докажат бидејќи се дел од Манчестер Јунајтед и сакаат да бидат овде долго време. Кога ќе го составиш овој тим, не е важно кој е вашиот противник. Тие беа разочарани по неделата, но сега е време за следниот меч, рече Солскјер.