сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 73
home Фудбал

Ѓунеш: Не одигравме на вистински начин, но имаме уште два натпревари

Ѓунеш: Не одигравме на вистински начин, но имаме уште два натпревари

Селекторот на Турција, Шенол Ѓунеш признава дека неговата селекција не ја покажа очекуваната игра на првиот натпревар на Европското првенство, но не губи надеж за пласман во елиминационата фаза на континенталниот собир.

На дуелот на „Олимпико“ во Рим, Турците во секој сегмент беа надиграни од Италија и затоа можат да бидат задоволни што загубија со „само“ 3-0.

„Сакавме многу повеќе од ова, но не успеавме. Не игравме на вистински начин. Требаше да бидеме поагресивни. Противникот беше за почит. Игравме против еден од домаќините на шампионатот и беше тешко. Италија одамна нема загубено. Сега мора да продолжиме понатаму. Да, секој бод ќе ни значеше многу, но дури и да победевме, ништо немаше да се реши. Ова е турнир и ни преостануваат уште две средби“, рече Ѓунеш.

Втор ривал на Турција на овој собир ќе биде селекцијата на Велс, која денес ја чека натпревар со Швајцарија.

Коронавирус