сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 53
home Фудбал

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Ѓорѓиоски: Лани остваривме многу, плодовите допрва ќе ги собираме

Фудбалската федерација на Македонија во Скопје го одржа Редовното годишно собрание на кое беа присутни 94 од вкупно 98 делегати.

Претседателот Илчо Ѓорѓиоски во своето обраќање рече дека минатата година била одлична за македонскиот фудбал и дека сите треба да бидат горди на оствареното.

– ФФМ потврди дека може многу. Поставивме стратегија за подобрување на инфраструктура, за инвестирање во младите, успеси на репрезентациите… Никогаш Македонија со А-репрезентацијата не учествувала на едно големо натпреварување, но со настапите кои ги имаше националниот тим во 2017 година никогаш не сме биле поблиску. Тоа е доказ дека можеме и дека ќе продолжиме напорно да работиме, се додека не ја оствариме и таа цел. Покажавме дека може да биде реалност со младата репрезентација до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, како и младите селекции до 17 и до 19 години, кои за првпат заедно во една година, се пласираа во елитната рунда во квалификациите. Првпат бевме домаќини на спектакуларен настан, УЕФА Суперкупот. Нашата федерација е дел од фудбалската историја. Со отворањето на инфраструктурата го заокруживме комплетниот тренинг-центар во комплексот Куќа на фудбалот, наведе Ѓорѓиоски.

Претседателот на ФФМ го наведе стадионот „Младост“ во Струмица како пример за успешна приказна, бидејќи за помалку од 60 дена беше подготвен за квалификациските натпревари.

– Имавме и одлични партнери во Агенцијата за млади и спорт и Општина Струмица. Така и ќе продолжиме насекаде – во Битола, Охрид, Штип, Тетово…, рече Ѓорѓиоски.

Според првиот човек на ФФМ, вратите на Федерацијата се отворени за сите кои можат да помогнат,  како и дека ќе продолжат реформите во македонскиот фудбал.

– Бидете горди на оствареното. Сега можеме да ја отвараме секоја врата во УЕФА. Оваа федерација се бори за чесен и отворен фудбал. Ние плодовите допрва ќе го собираме, потенцираше Ѓорѓиоски.

Делегатите едногласно ја усвоија завршната сметка за 2017 година и го одобрија буџетот за тековната 2018 година.

Коронавирус