петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Фудбал

Гигс: Отпуштањето на Мурињо нема да промени ништо

Гигс: Отпуштањето на Мурињо нема да промени ништо

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, кој на кусо ја извршуваше функцијата на менаџер на тимот, го поддржа Жозе Мурињо, по чие назначување Велшанецот го напушти „Олд Трафорд“.

Според Гигс, Португалецот не треба да биде отпуштен, бидејќи тоа нема да промени ништо. Уште повеќе, тој на клубот му носи стабилност и затоа треба да биде поддржан, верува Гигс.

– Не гледам како евентуална промена на менаџерот во овој момент би променила нешто. Секој знае колку успешен беше Мурињо во текот на годините. Мислам дека таква стабилност не сме имале со години, па затоа треба да го поддржиме. Резултатите сепак, исто така треба да се менуваат. Мислам дека имаме и менаџер и играчи кои ќе го сторат тоа, изјави селекторот на Велс.

Тој смета дека Манчестер Сити и Ливерпул се постојани, а кога другите не се, разликата на табелата станува се поголема.

– Кога разликата од градскиот ривал е толку големa, тоа не е добро. Поминаа само 13 кола, па така сега е време да се вратиме во игра. За да го направите ова, сепак, потребни се седум-осум меча без пораз. Ова се мали чекори за враќање на довербата, изјави Гигс.

Коронавирус