сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Ги ограбуваа фудбалерите на ПСЖ па добија затворски казни- еден од нив со порака: Пак ќе го направ истото

Ги ограбуваа фудбалерите на ПСЖ па добија затворски казни- еден од нив со порака: Пак ќе го направ истото

Членовите на бандата која во 2018-та и 2019-та година ги ограбуваше играчите на ПСЖ ги добија своите казни, објави Л’Екип.

Францускиот суд осуди седум мажи и една жена кои ги ограбула познатите личности од спортот и музиката, а меѓу жртвите биле и Тиаго Силва и Ерик Чупо Мотинг, кои во тоа време играа во Париз.

Мохамед С., алијас Ле Чат и Абделазиз Г., познат под надимакот Биду се осудени на шест години затвор, додека останатите пет обвинети добиле казни меѓу три и четири години, со тоа што дел од нив условни.

Единствената жена во бандата Ема Х, позната под надимакот Рахтон, доби условна казна од 18 месеци. Сите добија и парични казни кои се движат до 20 илјади евра.

Абделазиз Г. при изрекувањето на пресудата од судницата гласно порача:

„Ќе излезам од затвор и сигурно ќе го направам истото.“

Коронавирус