недела, 1. август 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Германскиот министер за внатрешни работи со критики кон УЕФА – еве за што станува збор

Германскиот министер за внатрешни работи со критики кон УЕФА – еве за што станува збор

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер ја критикуваше Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) поради одлуката да дозволи зголемување на бројот на гледачи на стадионите на кои се игра ЕУРО2020, игнорирајќи го притоа брзото ширење на делта сојот на коронавирусот.

Германскиот министер ја нарече одлуката на УЕФА „крајно неодговорна“.

– УЕФА се води од комерцијални причини, кои не би требало да бидат над здравствените проблеми, изјави Зехофер.

Тој истакна дека одлуката да се играат натпревари пред 60.000 гледачи, колку што УЕФА дозволи на лондонскиот стадион „Вембли“ за самата завршница на ЕУРО2020, неизбежно ќе води кон раст на бројот заразени со коронавирус, особено поради брзото темпо со кое се шири делта сојот.

Шкотските власти пријавија вчера речиси 2.000 случаи на коронавирус поврзани со натпреварите на ЕУРО2020, додека Финска објави дека околу 300 луѓе биле позитивни на вирусот, откако се вратиле од Санкт Петерсбург каде го следеле натпреварот на финската репрезентација.

Коронавирус