петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 150
home Фудбал

Германија поставува негативни рекорди

Германија поставува негативни рекорди

Германската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Јоаким Лев синоќа во Париз загуби од Франција, што претставуваше нивни шести пораз во 2018 година. Ова е неславен рекорд со оглед на тоа дека никогаш претходно „панцирите“ не загубиле шест пати во една календарска година.

Покрај поразот од Французите, подобри од Германија во 2018 досега беа и Бразил, Австрија, Мексико, Јужна Кореја и Холандија.

До крајот на годината Германија игра со Русија и со Холандија, па постои можност овој негативен рекорд да биде зголемен.

Дека поранешните светски шампиони се во голема резултатска криза покажува и податокот дека се без победа на четири натпревари во низа, прв пат по пауза од 18 години.

Оваа година голот на германската репрезентација останал зачуван само на еден натпревар. Ваков поразителен податок не е забележан уште од далечната 1964 година. (МИА)

Коронавирус