понеделник, 22. април 2019. Вести денес: 14
home Фудбал

Германците бараат поголема транспарентност од ФИФА и Инфантино

Германците бараат поголема транспарентност од ФИФА и Инфантино

Шефот на Германската фудбалска асоцијација, Рајнхард Гриндел, бара од претседателот на ФИФА, Џани Инфантино да ја зголеми транспарентноста на организацијата.

Тој е вознемирен од плановите на Инфантино по воведувањето на Лигата на нациите и намерата да го прошири бројот на учесници на светското клупско првенство.

-Недостатокот на транспарентност во овие прашања ги зајакнува предрасудите против ФИФА. Затоа, заедно со колегите од УЕФА, зборуваме за создавање целна група која ќе ги добие сите информации за да утврди дали ни требаат други турнири и каков е нивниот формат. Би ми било мило ако ФИФА започне отворен процес на дискусија во кој учествуваат главните играчи, односно клубовит, лигите, федерациите, изјави Гриндел.