четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 147
home Фудбал

Герет Бејл: Сакаме да ја освоиме групата

Герет Бејл: Сакаме да ја освоиме групата

Капитенот на фудбалската репрезентација на Велс Герет Бејл испрати закана до разиграната Италија која досега покажа најубедлив настап на Европското првенство со две победи од по 3-0 над Турција и Швајцарија.

„Имаме победнички менталитет и така сакаме да продолжиме. Да се обидеме да ја совладаме Италија среде Рим, да ја освоиме групата, тоа е нашата цел за да имаме успешно првенство. Иако противникот практично игра дома, ние ќе пристапиме на овој меч како и на секој друг, нормално дека ќе дадеме максимум за да оствариме победа. Самиот настап на ЕП треба да биде мотивација за секој играч, а ако тоа не е доволно, тогаш не треба да си дел од овие големи натпреварувања“, посочи Бејл.

 

Коронавирус