вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 28
home Фудбал

Газдата на Елмас распали по УЕФА: Ние сме актери во комедијата на Чеферин!

Газдата на Елмас распали по УЕФА: Ние сме актери во комедијата на Чеферин!

аздата на италијански Наполи, чиј член е македонскиот репрезентативец Еелиф Елмас, Аурелио Де Лаурентис жестоко распали по Европската фудбалска унија (УЕФА) и претседателот Александер Чеферин, поради „комедијата која ја прават со фудбалот во оваа корона ера“.

Де Лаурентис е жесток противник на политиките од Нион, начинот на кој фудбалот функционира во моментов и фактот дека УЕФА се грижеше само како да ја доигра сезоната поради пребогатите спонзорски договори, нималку не внимавајќи на проблемите на клубовите и фактот дека фудбал без навивачи нема шменк, ама е и – финансиски неодржлив.

„За мене ова играње фудбал секој трет ден на празни стадиони ми личи на глупост. Ми личи дека ние сме актери во комедијата која ја напишал Чеферин. Тој мора да сфати дека треба да работи за нас, а не ние за него. Не можам да го сфатам, а тој не може да сфати дека ние мора да ги почитуваме нашите навивачи, зашто без нив, ќе не нема ни нас. Тој треба да сфати дека првата работа што мора да ја почитува е дека националното првенство во секоја лига е пред сè, а потоа доаѓаат други работи“, рече Де Лаурентис во Кастел ди Сангро, каде Наполи е на подготовки за новата сезона.

Газдата на Наполи беше бесен поради одлуката на УЕФА да се забрза доигрувањето на сезоната во националните првенства по секоја цена, а потоа да се доигрува европската сезона, што на Де Лаурентис најмалку му се допадна тој исцрпувачки и згуснат календар после повеќе од три месеци локдаун на фудбалот. Де Лаурентис беше еден од малкумината кои бараа сезоната да се доигрува до октомври по нормален пат, за тимовите да имаат и доволно време да се вратат во ритам и форма.

Наполи испадна во осминафиналето во ЛШ од Барселона, а сезонава во Калчото не успеа да стигне ни до пласман во елитата за новата сезона, но го освои Купот на Италија.

Коронавирус