петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 21
home Фудбал

Гатузо: Плативме за грешките

Гатузо: Плативме за грешките

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо беше разочаран по поразот од Јувентус со 0:4 во финалето на Купот на Италија.

Поранешниот фудбалер на „росонерите“, сепак, смета дека резултатот не го одразува реално односот на силите на теренот, но признава дека неговиот тим дозволил грешки кои биле казнети од „Старата Дама“.

– Тоа е суштината на фудбалот. Резултатот не е реален, но плативме за нашите грешки. Педесет и шест минути направивме сé како што треба, а Јувентус не можеше да нѐ натера да покажеме слабост. Ние мора да го прифатиме овој пораз, да го анализираме мирно. Вината за овој резултат е поради нашите сопствени грешки и тоа мора да се знае, изјави Гатузо по натпреварот на „Олимпико“ во Рим.

Гатузо додаде дека за пласман во Лигата на Европа во следната сезона, „росонерите“ ќе мора да покажат подобар фудбал во последните дуели од сезоната во Серија А.

– Имаме две натпревара со ривали во добра форма. За да влеземе во Лигата на Европа ќе мора да играме многу подобро отколку во финалето за Купот. Го оставаме овој резултат во минатото, ќе разјасниме каде сме грешеле и продолжуваме напред, рече Гатузо.

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри пак изјави дека освојувањето на Купот е сосема заслужено и ја посочи следната цел која стои пред „црно-белите“.

– Останува да го земеме и Скудетото и да уживаме во оваа необична сезона. Го освоивме трофејот целосно заслужено, не сме украле ништо од Милан, кој играше многу добро во првото полувреме. Пред натпреварот, им реков на момчињата да продолжат да ги радуваат своите фанови и клубот. Мило ми е што сега слават, рече Алегри.

(Миа)

Коронавирус