Тренерот на Милан, Генаро Гатузо, рече дека тимот мора да остане обединет со цел да излезе од кризата во која се наоѓа.
„Росонерите“ беа поразени од Аталанта на „Сан Сиро“ (0:2) и по 18. коло паднаа на 11. место во Серија А со 24 поени.
„Шок терапијата“ со промена на тренерот и доаѓањето на Гатузо очигледно не успеа.
– Ако сум проблем, ако играчите не сакаат да ме следат, тогаш во ред. Сепак мислам дека има и други проблеми. Не сме доволно гладни, не си се даваме доволно на самите себе, ние сме исплашени. Можеме и мораме подобро. Најложо е што не се однесуваме како тим, рече Гатузо.
Не смееме да плачеме, мора да бидеме единствени. Сите ние сме одговорни, мора да се подготвиме за трката, да играме и да победиме, додаде предводникот на Милан.
Во следниот круг, Милан игра против Фиорентина, на 30 декември.