вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 183
home Фудбал

Гатузо ја одби Сампдорија

Гатузо ја одби Сампдорија

Поранешниот тренер на Милан, Џенаро Гатузо, го одби предлогот на Сампдорија да го предводи тимот, пренесува „Тутоспорт“. Стратегот е без тим уште од летото кога се раздели со „росонерите“.

Сепак, 41-годишниот Гатузо не бил воодушевен од предлогот на Самп. Тој не се ангажирал да го преземе тимот, затоа што не е сигурен во неговата иднина и не ја сака ситуацијата, во која клубот се наоѓа.

Со слични аргументи, Гатузо го отфрли предлогот на Џенова.

Минатата сезона Гатузо го пласираше Милан на 5-то место во Серија „А“, само еден бод зад вечниот непријател Интер.

Локални избори 2021