вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 54
home Фудбал

Гатузо го објави своето заминување од Милан

Гатузо го објави своето заминување од Милан

Џенаро Гатузо, денеска преку италијанските медиуми соопшти дека ќе го напушти тренерското место во Милан.

–Одлуката да се напушти Милан не беше лесна за мене, но мораше да се донесе. Немаше точен момент кога дојдов до оваа одлука. Ова е збир од 18-те месеци што ги поминав со тимот кој никогаш нема да биде како ниеден друг во мојата кариера. Ова се месеци со кои живеев со голема страст, незаборавни месеци. Ова е болен избор, но мораше, изјави Гатузо.

Милан сезоната ја заврши на петтото место во шампионатот на Италија и не успеа да влезе во Лигата на шампионите.

Џенаро Гатузо го презема Милан во ноември 2017 година по оставката на Винченцо Монтела. Под негово водство, Милан победи на 40 натпревари, загуби 20 пати и 22 пати одигра нерешено.

Коронавирус