вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 62
home Фудбал

Гатузо бесен: Осимен пред строга казна од Наполи поради позитивен коронатест

Гатузо бесен: Осимен пред строга казна од Наполи поради позитивен коронатест

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, се соочува со ригорозна казна од прволигашот од Неапол поради позитивен тест на коронавирус по враќањето од родната Нигерија, јавија денеска италијанските медиуми.

Според истите извори, Осимен го навлекол гневот на тренерот Џенаро Гатузо и клупското раководство поради непочитување на протоколот за заштита од Ковид-19.

Осимен ги мина божиќните и новогодишните празници во Нигерија, каде во четвртокот го прослави 22-от роденден, а на социјалните мрежи се појави видео од забавата на коe се гледа дека ниту еден од присутните не носи заштитна маска на лицето.

Осимен минатото лето дојде во Наполи од Лил, потпишувајќи договор до 2025 година.

Коронавирус