недела, 1. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Гатузо: Барселона? Ќе уживаме, не се плашиме!

Гатузо: Барселона? Ќе уживаме, не се плашиме!

Наполи и нашиот Елиф Елмас во осминафиналето од Лигата на шампионите за противник ја доби екипата на Барселона.

Во Наполи владее една криза, а Гатузо беше доведен да ја спасува ситуација, па Барселона во овој двомеч изгледа како фаворит. Меѓутоа познавајќи го карактерот на Гатузо веруваме дека тој ќе пронајде начин максимално да ги мотивира своите фудбалери.

Гатузо и после ждребот јасно порача дека на Барселона одат без страв.

„Барселона е одличен тим и голем предизвик. Ќе уживаме во двата натпревари и ќе излеземе на терен без страв“, изјави Гатузо.

Натпреварите од осминафиналето се играат на 18, 19, 25 и 26 февруари, додека реваншите се на 10, 11, 17 и 18 март.

Финалето ќе се игра на 30. мај во Инстанбул.

 

Коронавирус