понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 29
home Фудбал

Гатузо: Арсенал ја заслужи победата, но нема да одиме на прошетка во Лондон

Гатузо: Арсенал ја заслужи победата, но нема да одиме на прошетка во Лондон

Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо изјави дека неговиот тим загубил целосно заслужено од Арсенал во првиот 1/8-финален меч од Лига Европа. „Топџиите“ победија со 2:0 по многу добро прво полувреме, а сега имаат сериозна предност пред реваншот на „Емирати“.

– Знаевме дека ќе биде многу тешко. Арсенал пристигна во Милано по серија лоши резултати, но и покрај тоа има огромен потенцијал. Ние пак грешевме премногу. Во ниту еден момент од натпреварот, ние не игравме компактно. Не изгледавме како тим и целосно заслужено изгубивме. Арсенал ја заслужи победата. Ние можевме да направиме повеќе нешта, но не бевме тим. Секој пат кога не напаѓаа, можеа да ни постигнат гол. Да играш на ова ниво во Европа е нешто сосема ново за повеќето момци, изјави Гатузо.

Тој веќе размислува за натпреварот со Џенова, по што ќе се подготвува за натпреварот со Арсенал.

– Во фудбалот се е можно. Ние ќе одиме во Лондон, за да се обидеме да победиме, а не на прошетка. Ние сме Милан и имаме еден многу важен дрес што мораме да го заштитиме. Можевме да постигнеме гол, но не е сè завршено. Сепак е многу, многу тешко. Ќе се обидеме да играме најдобро што можеме, додаде Гатузо.