петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Галијани: Не ја разбирам УЕФА зошто форсира до 2 август да се завршат првенствата!

Галијани: Не ја разбирам УЕФА зошто форсира до 2 август да се завршат првенствата!

Алфата и омега на седумкратниот европски првак Милан во тридецениското владеење со овој италијански великан на магнатот Силвио Берлускони, Адријано Галијани објави дека не ги разбира идеите на УЕФА со роковите и термините кога да се завршат националните првенства.

Според предлогот од Нион, во план е првенствата да се завршат на 2 август, а лигите да изберат во согласност со мерките и условите, дали првенствата ќе ги завршат по нормален тек со доигрувањето на заостанатите мечеви или ќе изнајдат решение по скратен систем спортски да ја завршат актуелната сезона, а не на зелена маса. УЕФА ова го направи за потоа да може во нешто повеќе од три недели да ја заврши сезоната во европските натпреварувања, со финалиња на крајот на август (27 за Лига Европа, а 29 за ЛШ).

„Не го разбирам тоа форсирање да се заврши првенството во август? Зошто сезоната не би се доиграла и подоцна?. Зошто новата сезона не би почнала со почеток на 2021 година? Постојано зборуваме дека здравјето е најважно, а во реалност се форсира нешто набрзина. И уште нешто, ако ние почнеме подоцна, а Италија, Шпанија, Англија почнат порано, тогаш за Италија проблем бидејќи нема да бидеме во ритам да им се спротивставиме“, вели Галијани.

ЕУРО 2020

Македонија