сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 80
home Фудбал

Гачевски со порака до довчерашниот соиграч Муслиу: Ти си голем срам, човек без душа, запамети- Вардар е Македонија

Гачевски со порака до довчерашниот соиграч Муслиу: Ти си голем срам, човек без душа, запамети- Вардар е Македонија

Шкендија вчера успеа да го победи Вардар на арената „Филип Втори“ и дојде на само еден чекор до титулата во првенството, а еден ден по мечот во центарот на вниманието е Висар Муслиу, кој до јануари беше дел од најтрофејниот македонски тим.

Тој за Вардар настапуваше во Лигата на Европа, по што во текот на јануари премина во Шкендија. Како фудбалер на Вардар неговата кариера многу напредна, успеа да обезбеди и стандардно место во репрезентацијата.

Вчера му даде гол на Вардар, што секако е негова работа и не смее да му се приговори. Но, и тоа како може да му се приговори за потегот по крајот на мечот, кога заедно со соиграчите скандираше навредливи зборови против клубот кој му помогна многу за напредок на фудбалската игра.

Со реакција после овој потег на Мислиу излезе голманот на Вардар, Филип Гачевски, кој имаше што да каже по овој потег на стоперот на Шкендија.

–„висар муслиу“ Те гледам на инстаграм ставаш видео Вардар Вардар пуши ми го к… Не ти е срам, ти си еден голем срам, човек без душа, ти заборави дека Вардар те направи репрезентативец, ти кога дојде во Вардар не си постоел на мапа, срам голем за тебе е што браниш бои за репрезентација… ГОСПОД е голем и Вардар е институција – запамти Вардар е Македонија, напиша Гачевски на својот фејсбук профил.

Коронавирус