Филип Гачевски брани во голема форма – сезонава оствари неколку спектакуларни паради и го спаси својот тим. Попладнево во Ѓорче Петров во 65. минута на чудесен начин го сочува својот гол по слободниот удар на Робсон Да Силва.
Бразилецот биеше одлично, во голмановиот агол, а вардаровиот голман пантерски ја исфрли топката во дирекот, а од него топката се одби во поле.