четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Фудбал

Футсал репрезентацијата освои бод против Романија

Футсал репрезентацијата освои бод против Романија

Натпреварот во „Јане Сандански“ заврши со резултат од 2-2. Македонија поведе преку Дандан од прекин а потоа Романија израмни и на полувреме се замина со 1:1.

Во второто полувреме гостинот направи пресврт и дојде до 2:1 во 33 минута. Македонија одлучи да ризикува, играше пет на четири со маркер и тоа донесе гол за измранување преку Ранготов.

На вториот натпревар од нашата група, Босна и Херцеговина ја совлада Србија на гостински терен со 4:2.

Во првото коло Македонија загуби од БиХ со 2:1 а во следното ќе гостува кај Србија на 3 март.

foto : FFM.MK

ЕУРО 2020

Македонија