вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 118
home Фудбал

ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО: Во сообраќајна несреќа загина поранешниот капитен и фудбалер на ФК „Саса“

ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ЦРНО: Во сообраќајна несреќа загина поранешниот капитен и фудбалер на ФК „Саса“

Фудбалската јавност од Македонска Каменица се простува од поранешниот фудбалер на ФК „Саса“ Перо Стојановски кој синоќа загина во сообраќајна несреќа на патниот правец Делчево – Македонска Каменица. Упатувајќи сочувство до семејството, од фудбалскиот клуб „Каменица Саса“ истакнаа дека фудбалот загуби големо фудбалско име кое ќе остане длабоко врежано во колективната меморија на каменичката и македонската фудбалска јавност.

— Синоќа, во тешка сообраќајна несреќа, Македонска Каменица, ФК „Саса“ и фудбалска Македонија го загуби големото фудбалско име Перо Стојановски. Прерано не напушти еден од најдобрите фудбалери на ФК Саса на сите времиња, долгогодишниот клупски капитен, човекот кој беше и ќе остане длабоко врежан во колективната меморија на каменичката и македонската фудбалска јавност. Перо Стојановски беше голем другар и прекрасен човек, имаше неверојатен фудбалски сенс а по фудбалското пензионирање на секаков начин го помагаше функционирањето на сегашна ФК „Каменица Саса“, се вели во сочувството кое од клубот го изразија до семејството на Стојановски.

За утре претставници на клубот, како што е најавено, ќе положат цвеќе на неговото вечно почивалиште.

Сообраќајната несреќа во која загина поранешниот капитен на ФК „Саса“ се случи синоќа нешто по 20:30 часот на регионалниот пат Делчево – Македонска Каменица, а во истата е повредено уште едно лице од Македионска Каменица.

Коронавирус