понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Фудбал

ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ЦРНО: Се самоуби поранешен фудбалер на најголемиот чешки клуб

Павел секогаш бил прав борец, давал се за својот тим, го ризикувал своето здравје за да помогне. Давал и примал тешки удари на теренот, кажа Котрба, поранешниот тренер на Пергл.
ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ ВО ЦРНО: Се самоуби поранешен фудбалер на најголемиот чешки клуб

Чешките медиуми известуваат дека поранешниот фудбалер на Спарта Прага, 40 годишниот Павел Пергл извршил самоубиство.

Тој бил пронајден мртов во својот стан во Германија.

-Ова се многу тажни вести за нас и сите љубители на фудбалот и спортот. Дојде во Спарта со десет години и во кариерата одигра 68 натпревари за нашиот клуб. Почивај во мир, стои на службената страница на Спарта Прага.

Пергл е поранешен стопер кој играл во Англија, Германија, Швајцарија, Израел и Кипар.

Павел секогаш бил прав борец, давал се за својот тим, го ризикувал своето здравје за да помогне. Давал и примал тешки удари на теренот, изјави за него неговиот поранешен тренер од времето кога настапувал за Прибрам, Јири Котрба.