среда, 20. октомври 2021. Вести денес: 147
home Фудбал

Фудбалски потрес: Премиер лигата дозволи влез на човекот кој е 50 пати побогат од Ал Келаифи!

Фудбалски потрес: Премиер лигата дозволи влез на човекот кој е 50 пати побогат од Ал Келаифи!

Англиските медиуми ова попладне на големо пишуваат за фудбалскиот потресе кој ќе настане во Премиер лигата и воопшто во Европа, откако водечките луѓе на најсилната англиска фудаблска елита дале зелено светло за комплетирање на зделката за која се преговара веќе цели 18 месеци.

Сите угледни англиски медиуми тврдат дека Њукасл за неколку часа ќе стане клубот кој ќе го има убедливо најбогатиот човек во светскиот фудбал, бидејќи Принцот Мохамед Бин Салман тежи 50 пати повеќе од првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Премиер лигата го закочи преземањето на саудискиот конзорциум пред точно 18 години откако не беше издадена гаранција за управување на еден човек, но сега овој проблем и дефинитивно е надминат, па се очекува во наредните неколку часа да пристигне официјално соопштение за милионското преземање од страна на арапските милијардери.

Откако било утврдено дека Њукасл ќе го води конзорциум, а не цела држава, Премиер лигата се согласила за комплетирање на продажбата, според која Мајк Ешли заминува во историјата како претседател на клубот, операција од која ќе заработи 300 милиони фунти.

Саудискиот конзорциум ќе обезбеди 80 проценти од правата на клубот и вети загарантиран влог од 100-тици милиони на трансфери уште на самиот старт, а пред да излезе официјалното соопштение на арапските газди, медиумите од Островот велат дека покрај претседателот Ешли, продажбата значи крај и за Стив Брус како менаџер на првиот тим.

Локални избори 2021