недела, 11. април 2021. Вести денес: 58
home Фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија на ЕП во Букурешт ќе игра пред публика

Фудбалската репрезентација на Македонија на ЕП во Букурешт ќе игра пред публика
Европската куќа на фудбалот УЕФА потврди дека засега нема промена на планот околу одржувањето на европскиот шампионат на кој за прв пат ќе учествава и нашата фудбалска репрезентација.
 Истовремено од Романија чиј главен град е меѓу домаќините информираа дека на трите натпревари во групната фаза и еден од осминафиналето дури ќе биде и дозволено присуство на публика.
„Властите го прифатија предлогот на локалниот организациски одбор да дозволи пристап на гледачи на трибините на натпреварите од ЕВРО 2020 од 25% од вкупниот капацитет на националниот стадион“, се вели во соопштението на романската фудбалска федерација.
Тоа значи дека нашата фудбалска селекција, која во Букурешт ќе ги игра дуелите против Австрија на 13 јуни и четири дена подоцна  на 17 јуни против Украина, ќе ги игра со присуство на публика, но не повеќе од 12.000 гледачи.

Коронавирус