четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Фудбал

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ја совлада Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години ја совлада Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години победи против Црна Гора во рамките на првата контролна средба одиграна меѓу двете селекции.

На тренинг центарот „ Петар Милошевски “, во Скопје нашите фудбалери одиграа добар натпревар и сосема заслужено славеа победа со 2-0.

Во првите 45 минути пропуштивме неколку добри прилики за постигнување гол. Отпорот на противникот го скршивме во второто полувреме.

Во 54. минута, за избраниците на селекторот Влатко Гроздановски, сигурен од белата точка беше Грегори Давков.

Конечните 2-0 беа дело на Фета Бехар во 69. минута. Вториот контролен натпревар е закажан во четврток, на 15. април со почеток од 11 часот.

Коронавирус