четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 0
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Фудбал

Фудбалската репрезентација ги стартуваше подготовките за гостувањето против Бугарија во Разград

Фудбалската репрезентација ги стартуваше подготовките за гостувањето против Бугарија во Разград

Македонската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски денеска ги започна подготовките за стартот на новата сезона од Лигата на нации.

На првиот тренинг попладнево на стадионот на комплексот „Куќа на фудбалот“ во Скопје, недостасуваа Алиоски, Барди, Трајковски, Димитриевски кои дополнително ќе се приклучат на националниот тим.

Македонија во првиот меч од новата сезона во Лигата на нации, на 2. јуни гостува на Бугарија во Разград која е носител во нашата група. Потоа на 5. јуни следи гостувањето против Гибралтар, на 9. јуни е мечот со Грузија во Скопје и на 12. јуни дуелот со Гибралтар во Скопје.

Коронавирус