сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалската ѕвезда ја отвори душата: Спорната тетоважа која сите бараат да ја тргне зад себе крие тажна приказна (ФОТО)

Противниците на оружјето побараа Стерлинг да не игра за репрезентацијата додека не ја отстрани тетоважата пушка од ногата, а тој тврди: „Го направив тоа во чест на мојот татко...“
Фудбалската ѕвезда ја отвори душата: Спорната тетоважа која сите бараат да ја тргне зад себе крие тажна приказна (ФОТО)

Рахим Стерлинг во понеделникот на тренинг откри нова тетоважа со која планира да засјае во Русија… и со тоа крена прилично голема бура.

Имено, англискиот голгетер на десната потколеница истетовира пушка М16, а многу претпоставуваат дека напаѓачот сакал да порача дека е спремен да продолжи со својата одлична форма од Манчестер Сити, каде оваа година даде 23 гола, па со своите „куршуми“ да го одведе тимот на Герет Саутгејт до славје во Русија.

Против тетоважата на Стерлинг најмноуг се побунија противниците на оружјето, а многу од нив дури и порачаа дека на 23 годишниот фудбалер не треба да му се дозволи да ја претставува Англија се додека не ја тргна спорната тетоважа од ногата.

Меѓутоа сега се огласи и Стерлинг и откри дека зад тетоважата се крие емотивна приказна, дека таа впрочем е сеќавање на неговиот татко во кого било пукано и бил убиен кога Рахим имал само две години.

-Кога имав само две години, беше пукано во мојот татко и тој беше убиен. Си ветив самиот на себе дека никогаш во животот нема да допрам оружје. Шутирам со десната нова така што тетоважата има подлабоко значење, а се уште не е завршена, напиша Стерлинг на Инстаграм.

Коронавирус