петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалска трагедија во Хрватска: 24-годишен фудбалер почина за време на натпреар, зад себе остави дете и бремена сопруга

Фудбалска трагедија во Хрватска: 24-годишен фудбалер почина за време на натпреар, зад себе остави дете и бремена сопруга

Нов трагичен фудбалски смртен случај во регионот. Фудбалерот на НК Оток, Дејан Оршуш починал откако вчера му се слошило за време на натпреварот против Раднички во втората општинска лига во Хрватска.

-Во длабока тага, ве известуваме дека играчот на НК Оток Дејан Оржуш, откако падна вчера во текот на играта, почина. Со брзата реакција на соиграчите и играчите на НК Раднички, успеавме да го спасиме, и многу брзо вработените пристигнаа да го оживеат (25 минути реанимација на терен.) 24-годишно момче за жал почина во 02.00 часот во Општата болница Чаковец од срцев удар. Беше момче за зафрканција, талент од фудбалер, голем фудбалер, а уште поголем пријател. Зад себе остави сопруга во петтиот месец од бременоста и детето. Ви благодарам за сите голови, помошта на клубот и за подигање на расположението додека на момчињата им беше најтешко! Секогаш во мислите нашиот Дејан, стои во соопштението на НК Оток.

Фудбалерот зад себе остави дете и бремена сопруга.

Коронавирус