четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 1
home Фудбал

Фудбалска романтика: Сиромашен второлигаш од Мали отпатува 6.500 километри и приреди неверојатна сензација

Фудбалска романтика: Сиромашен второлигаш од Мали отпатува 6.500 километри и приреди неверојатна сензација

Малискиот второлигаш Бинга ФЦ оствари неверојатен успех во квалификациите за Конфедерејшнс купот во Африка, тамошната верзија на Лигата на Европа.

Бинга минатата сезона сензационално го освои Купот на Мали, со што избори место во квалификациите за ова натпреварување. Никој не им даваше премногу шанси, а во првото коло од квалификациите им дојде либерискиот клуб Монровиа Клуб Бревиерс. Но, Бинга дома славеше со убедливи 3:0 и потоа тргна на пат за реванш мечот.

Но, бидејќи клубот е сиромашен на 1750 километри долгиот пат тргнаа со автобус, за на либерската граница изнајмат џипови, затоа што автобусот не можел да вози по така лоши патишта. Бинга во реваншот славела со 2:0 и потоа морала на ист начин 1.750 киломентри да се возат назад.

Во второто квалификациско коло за противник ја добиле Јанега, која минатата сезона завршила втора во првенството на Буркина Фасо. Бинга дома загубила со 0:1 во првиот меч и реваншот требало да биде само формалност.

Ако ништо друго, патот од Бинга до Оугадоугоуа во Буркина Фасо требаше да биде многу пократок, односно во споредна со 1.650 километри само 500-тина километри. Но, африканската фудбалска федерација го префрли мечот во 1.500 километри оддалечениот Абиџан во Брегот на Слоновата Коска, бидејќи стадионот во Буркина Фасо не ги исполнувал услвоите.

Малиот клуб од Мали со денови патувале по макадамските патишта, за во реваншот да приредат сензација со гол во 85-тата минута и мечот да го добијат со 0:1, а на пеналите да победат со 7:6.

Ако ништо друго, 1.500 километри долгиот пат накај дома им минал во славеничка атмосфера. Во еден месец отпатуваа повеќе од 6.500 километри во невозможни услви и сеедно успеаја прв пат во историјата да влезат во групната фаза на некое од континенталните натпреварувања.

Коронавирус