четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 20
home Фудбал

Фудбалот во Франција се врати со пехар за ПСЖ и повреда на Мбапе

Фудбалот во Франција се врати со пехар за ПСЖ и повреда на Мбапе

Бразилската sвезда Нејмар го постигна единствениот гол во финалето на Купот на Франција, во кој Пари Сен Жермен победи против Сен-Етјен со 1:0.

Напаѓачот постигна гол во 14. минута и им помогна на Парижаните да направат дабл на домашната сцена, но нивните амбиции не запираат тука, затоа што за една недела доаѓа финалето на Лига купот против Лион, а екипата на Томас Тухел е и во 1/4-финалето на ЛШ.

После 4 месеци пауза, ПСЖ не го покажа максимумот на своите можности, а Сен-Етјен сериозно го попречуваше гигантот од главниот град, иако играше со човек помалку скоро еден час заради црвениот картон на Лоик Перин.

Искусниот дефанзивец го повреди Килијан Мбапе и заслужено доби исклучување, а Мбапе останува во прашање за првиот меч со Аталанта на 12 август.

Ова беше 103-то издание на натпреварувањето, а ПСЖ го крена трофејот за рекорден 13-ти пат. Сен-Етјен остана со 6 трофеи, од кои последниот датира од 1977 година.

Претходниот настап на „зелените“ во финалето беше во 1982 година, кога повторно загубија од ПСЖ.

Коронавирус