среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 130
home Фудбал

„Фудбалот може целосно да згасне, ако наскоро не се рестартира“

„Фудбалот може целосно да згасне, ако наскоро не се рестартира“

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас ја критикуваше Франција за одлуката да го суспендира целиот спорт до 1 септември поради пандемијата.

Тоа автоматски значеше дека сезоната во Лига 1 не може да се доигра, па челниците на францускиот фудбал се подготвуваат да го поништат првенството. Шпанецот смета дека одлуката на француските власти е избрзана и се надева дека Шпанија ќе оди по друг пат.

„Не разбирам зошто би имало поголема опасност за зараза, ако фудбалот се игра зад затворени врати, со сите преземени мерки, во однос на работењето во фабрика или на рибарски брот“, вели Тебас. „Според мене, одлуката на Франција е избрзана. Ако има важни економски сектори кои не можат да продолжат, тие може и целосно да згаснат. Тоа може да му се случи и на фудбалот. Во некои други земји веќе се тренира, тоа е примерот што треба да го следиме. Фудбалот е важен економски двигател во Шпанија. Ние ќе продолжиме да се фокусираме на негово рестартирање, но почитувајќи ги сите здравствени препораки“, додаде првиот човек на Ла Лига.

ЕУРО 2020

Македонија