понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 110
home Фудбал

Фудбалот им е светост, воведоа руско работно време за да можат да го гледаат СП

Фудбалот им е светост, воведоа руско работно време за да можат да го гледаат СП

Во Бразил фудбалот е светост и скоро е незамисливо Бразилците да работат кога игра нивниот национален тим.

Поради тоа многу компании беа присилени да прејдат на руско време за време на Светкото првенство, пишува Франс прес.

Работата во Бразил е забавена поради Мундијалот – поставени се големи екрани и вештачка трева во канцелариите, обезбедени бесплатни грицки, но и флексибилно работно време за вработените. Поради временската разлика, натпреварите на бразилската репрезентација која е меѓу фаворитите на првенството ќе биде емитувана во Бразил или наутро или рано попладне.

Според истражувањето на бразилската трговска комора, 28 отсто од компаниите дозволиле вработените да земат слободни денови кога ќе игра нивниот национален тим, а 17 компании подготвиле посебен простор за гледање на натпреварите за време на работното време. Вработените во јавните служби исто така имаат прилика да отсуствуваат за време на натпреварите на бразилската репрезентација, иако „неопходните служби, ќе работат вообичаено.

Во полицијата рекле дека натпреварите нема да ги гледаат во полициските станици, но забележано е оти кога игра Бразил, најчесто има многу помалку интервенции.

Бразилскиот тим својот прв натпревар ќе го игра утре поритв Швајцарија.

Коронавирус