петок, 14. мај 2021. Вести денес: 121
home Фудбал

Фудбалот ги пишува најубавите приказни: Од аматерски клуб на чекор до полуфинале во Лигата на шампионите

Фудбалот ги пишува најубавите приказни: Од аматерски клуб на чекор до полуфинале во Лигата на шампионите

На поголемиот број фудбалски заљубеници позната им е приказната во шкотскиот Квинс Парк. Екипата секогаш важела за аматерска. Никогаш не доведувале играчи, ниту потпишувале професионални договор, чувајќи ја така долгата традиција.

Имало случаи кога фудбалери ќе ги направат првите чекори во овој клуб, а понатаму ќе направат фини и впечатливи кариери. Последен таков пример е момчето кое пред точно четири години со тимот од Глазгов играше во третите и четврти лиги во Шкотска, а вечерва е на чекор до пласман во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Ова се личи на некоја бајка, а впрочем е неверојатна фудбалска приказна на Ендриу Робертсон. Момчето кое денес настапува за Ливерпул, а во првиот меч од четвтфиналето ја стопираше страшната навална линија на Сити, вредна неколку стотини милиони, на чело со Сане и Хесус.

Робертсон од Квинс заминал во Данди Јунајтед, а потоа во трансфер вреден три милиони фунти се пресели во Хал, каде едноставно експлодираше. Тоа го забележа Ливерпул и го доведе во трансфер тежок 10 милиони евра.

Десет милиони за некој Робертсон? Веројатно повеќето од оние кои поставиле вакво или слични прашања денес добро се демантирани. Црвените се на само мал чекор од полуфиналето Лигата на шампионите, а ко влезат меѓу четирите најдобри, Робертсон ќе биде една од оние фудбалски приказни кое ќе добие свое место енциклопедиите.

Замислете, од аматерски фудбал до полуфинале на Лигата на шампионите, за само четири години…

Коронавирус