среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 66
home Фудбал

Фудбалерот заболен од коронавирусот успешно излекуван

Фудбалерот заболен од коронавирусот успешно излекуван

Првиот италијански фудбалер кој беше заразен со коронавирусот е успешно излекуван, објавија од италијанскиот третолигаш Пианезе. На својата веб-страница клубот објави дека закрепнувањето на фудбалерот кој беше инфициран од Ковид-19 оди добро.

„Болницата во Сиена не информираше за целосно закрепнување на нашиот 23-годишен фудбалер. Не само од клиничка гледна точка, затоа што веќе неколку дена тој нема никакви симптоми, туку и од вирусна. Тој помина два теста за 24 часа и тие дадоа негативен резултат што одговара на указот на министерството“, се вели во соопштението на клубот.

Инфекцијата на играчот на Пианезе беше објавена на крајот на февруари годинава. Исто така, со вирусот беа заболени уште двајца негови соиграчи и еден вработен во клубот.

 

извор: sportmedia.mk

Коронавирус