понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 31
home Фудбал

Фудбалерот се претвори во боксер, па направи хаос: Аргентински стопер истепа и нокаутира пола тим за 15 секунди (ВИДЕО)

Фудбалерот се претвори во боксер, па направи хаос: Аргентински стопер истепа и нокаутира пола тим за 15 секунди (ВИДЕО)

Аргентинците се претемпераментни, многу често и груби на фудбалскиот терен, ама кога станува збор за нисколигашки меч, тогаш хаосот е неминовен. Доказ е пресметката на Сан Хорге и 9 јули, каде стоперот така збесна па пола тим го натепа и нокаутира.

Започна со еден остар старт, по кој судијата покажа црвен картон и потоа на сцена стапи „дивјакот“ Мартин Коста од 9 јули. Прво нокаутира двајца противници, а потоа како други му доаѓаа со вербални напади, така им удираше боксови.

Очигледно е дека Коста има краток фитиљ, па не беше тешко да збесне, кога неговиот тим веќе губеше со 0-3, па уште и остана со играч помалку. На крајот Сан Хорге триумфираше со 5-0.

Извор: СПОРТ1

Коронавирус