понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Фудбал

Фудбалерот преку фотографија откри како изгледа откако се заразил со коронавирусот- прв позитивен случај во Ла Лига (ФОТО)

Фудбалерот преку фотографија откри како изгледа откако се заразил со коронавирусот- прв позитивен случај во Ла Лига (ФОТО)

Првиот случај на инфициран играч со коронавирус во Ла Лига е потврден денес. Ова е дефанзивецот на Валенсија, Езекиел Гарај, кој самиот ја објави веста на својот профил на Инстаграм.

– Јасно е дека ја започнав 2020 година на лош начин. Дадов позитивен тест за коронавирус. Добро сум и сега само треба да ги слушам здравствените власти. Засега сум изолиран, напиша Аргентинецот.

Така, тој станува првиот играч во шпанската елита за кој е сигурно дека е болен со КОВИД-19. Токму заради пандемијата од заразата првенството беше прекинато за две недели, а сè уште не се знае дали ќе биде завршено.

Интересно е што Гарај не учествуваше на натпреварите на Аталанта во осминафиналето на Лигата на шампионите, бидејќи неодамна беше опериран поради повреда на коленото. Затоа тој немал директен контакт со соиграчите, иако во последните денови бил во клупската база каде го започнал процесот на закрепнување.

Коронавирус