четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 132
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Фудбал

Фудбалерот откри зошто го украде скапиот часовник на неговиот соиграч

Фудбалерот откри зошто го украде скапиот часовник на неговиот соиграч

Фудбалерот Мохамед Диаби, со кого Ница го раскина договорот поради кражба на часовник од соиграчот на Каспер Долберг, на Твитер изрази разочарување. Тој исто така објасни зошто го сторил тоа.

– Мојот чин не беше сторен заради алчноста, туку заради разочарувањето и зависта. Имам само 18 години, но мојата возраст не е оправдување. Мојата тешка состојба беше во контраст со успехот на Каспер Долберг. Неговиот часовник го зедов без причина, може од завист. Наместо да се борам за место на теренот, јас се однесував кукавички. Сега го напуштам клубот, каде што секогаш сакав да успеам и да напредувам, што е најголема казна за мене, напиша Диаби.

Младиот фудбалер доби отказ од Ница поради кражба на часовник од соиграч, вреден 70 илјади евра.

Коронавирус