вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерот на Милан: Дојдовме до колапс, ова вака не бидува

Фудбалерот на Милан: Дојдовме до колапс, ова вака не бидува

Фудбалерот на Милан, Лукас Биглиа е разочаран од однесувањето на луѓето во Италија за време на пандемијата наречена Корона вирус.

Италија силно е погодена од COVID 19 или Корона вирусот, и Аргентинецот во Милано простор не може да верува како се однесуваат луѓето околу него.

„Фудбалот е спорт во кој многумина имаат свои интереси, но постојат сосема различни приоритети. Играчите мора да го дигнат својот глас и да кажат дека фудбалот мора да биде запрен, ние не сме имуни“.

„Не само што не го сфаќаат проблемот, туку луѓето не ги следаат прописите. Стигнавме на работ на колапс, докторите работат неуморно. Луѓето не умираат само од вирус, дури и од други заразни болести без адекватна нега. Поради овој вирус, другите луѓе се оставени на страна“, рече Биглиа.

Локални избори 2021