сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 86
home Фудбал

Фудбалерот на голема мака: Беше европски и светски првак, сега е обвинет за сек*уално вознемирување

Фудбалерот на голема мака: Беше европски и светски првак, сега е обвинет за сек*уално вознемирување

Поранешниот шпански репрезентативец и член на Барселона и уште неколку екипи меѓу кои и Њујорк Сити, Давид Виља е обвинет за сексуално вознемирување.

Имено, Виља додека бил во клубот од САД сексуално ја вознемирувал приправничката во клубот, а ваквите најави ги потврди и самата девојка.

Тој ја вознемирувал девојката во 2018 година, а поради таквите чести напади таа се одлучила да си замине од клубот и дури и да ја промени професијата.

-Вознемирувањето кое го доживеав во Њујорк Сити предизвикува згрозување кога и да помислам за професионалниот спорт. Ја променив професијата затоа што таквите глупости ми ги уништија соништата, изјавила неименуваната девојка за медиумите во САД.

Девојката притоа истакнала дека речиси и да немало ден кога Виља не ја допирал или вербално не ја злоставувал.

Шпанецот, од друга страна  најави тужба за девојката поради лажни тврдења во јавноста.

Што се однесува до неговиот престој во САД, тој за четири години поминати во Њујорк постигна 77 голови и остави длабока трага во овој фудбал.

Коронавирус