понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Фудбалерите од Бундеслигата решија: Меси е бр.1 во светот, Роналдо ни во топ 3

Фудбалерите од Бундеслигата решија: Меси е бр.1 во светот, Роналдо ни во топ 3

Шесткратниот добитник на „Златната топка“, Лео Меси е најдобриот фудбалер на планетата. Ова го решија 239 играчи на Бундеслигата во анкетата на Кикер, цитирана од Tribuna.com.

Асот на Барселона собира импресивни 56,9 отсто од гласовите. Далеку зад него е дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк со 9,6 отсто. Првите три ги надополни sвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе, кој доби 7,5 отсто од гласовите.

Петкратниот добитник на „Златната топка“, Кристијано Роналдо е на четвртото место со 6,7 отсто, а потоа следи Мохамед Салах со 3,8.

Генерално, 2019 година беше одлична за Меси. Аргентинскиот генијалец веќе има една награда пред Роналдо во однос на највредните индивидуални почести во фудбалот. Тој исто така ја освои „Златната копачка“ и стана шампион на Шпанија.