понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 51
home Фудбал

Фудбалерите на Спартак ограбени во Лондон

Фудбалерите на Спартак ограбени во Лондон

Фудбалери на Спартак од Суботица се ограбени во Лондон на патот кон ренвашот на натпреварот од првото коло на квалификациите за Лига Европа против Колерајн од Северна Ирска, пренесува српскиот портал Спортски журнал.

Капитенот на екипата Дејан Керкез и новиот играч на клубот Слаѓан Ракиќ на аеродромот Хитроу, пред продолжувањето на патот за Белфаст, утврдиле дека им недостасуваат копачки во куферите.

Тие веднаш потпишале пријава дека им недостасува опрема, а останатите играчи на Спартак се пожалиле оти и нивните работи биле преместувани.

Спартак и Корелајн во првиот натпревар одиграа 1:1, а реваншот ќе се игра утре во 20:45.

Коронавирус