понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 21
home Фудбал

Фудбалерите на Сити незадоволни од честите промени во составот

Фудбалерите на Сити незадоволни од честите промени во составот

Фудбалерите на Манчестер сити за време на паузата од натпреварот од 25. коло од шампионатот на Англија против Тотенхем (0:2), искажаа незадоволство од некои потези на тренерот Јосеп Гвардиола, пренесува „Дејли меил“.

Според извор, фудбалерите не се задоволни од пристапот на Гвардиола кон изборот на стартната постава, бидејќи шпанскиот специјалист прибегнал кон ротација на секој натпревар.

Шпанецот направи 76 измени во составот во сезоната 2019/20, што е многу повеќе од останатите, на второто место е Френк Лампард од Челзи со 60 измени.

Покрај тоа, фудбалерите на Сити не се задоволни од промената во шемата за игра по заминувањето на асистентот Гвардиола, Микел Артета, како главен тренер на Арсенал. Меѓу критичарите за пристапот на Гвардиола беа и фудбалерите со долгогодишно искуствово Сити. Шпанскиот специјалист ги замолил играчите да ги понудат своите опции. И покрај ова, во второто полувреме „граѓаните“ примија два гола и беа поразени (0:2). По натпреварот, екипата и тренерот поминаа околу 50 минути во соблекувалната, поради што Гвардиола задоцни на прес-конференцијата.

По 25 одиграни кола од Премиер лигата, Манчестер сити е втор со заостанување од 22 бода од лидерот Ливерпул. Сити е шампион во Англија изминатите две сезони, но оваа речиси да се збогува од титулата.

Коронавирус